Бегал од казна за криумчарење мигранти, заврши во „Идризово“

На 23 февруари 2026 година во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле С.Д. (33) од Неготино.

Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во Неготино, за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје, каде ќе ја доиздржи затворската казна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани