По завршувањето на првата фаза од реконструкцијата на осветлувањето на локалитетот Вевчански извори, едно од најубавите природни богатства во регионот повторно блеска во полн сјај.
Новото осветлување овозможува сите посетители повторно да уживаат во убавините на изворите и во вечерните часови, кога амбиентот добива посебна, речиси магична димензија. Светлината нежно ги осветлува водните текови и зеленилото, создавајќи впечаток кој никого не остава рамнодушен.
Од локалната самоуправа посочуваат дека ова е само прва фаза од планираните активности за унапредување на локалитетот, со цел подобрување на условите за посетителите и зачувување на природната вредност.
„Продолжуваме да работиме посветено и одговорно во интерес на Вевчани“,вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.
Со обновеното осветлување, Вевчанските извори повторно стануваат омилено место за вечерни прошетки, фотографии и уживање во природата.
