Кривична пријава за бесправно градење во Рача

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.В. (74) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според информациите од полицијата, пријавениот како инвеститор, на катастарска парцела во населбата Рача, изградил објект за домување без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.

Од страна на овластен градежен инспектор е донесено решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани