По повод Меѓународниот ден на дивиот свет, во рамки на кампањата Save Jablanica се одржа уметничка работилница посветена на заштитата на планината Јабланица и нејзиниот биодиверзитет.
Ученици од itemo.edu.mk, под менторство на Горан Ристовски, изработија линорез-постери со пораки за зачувување на природата. Делата беа финализирани во студиото на INKA – Initiative for independent cultural activism.
Од иницијативата посочуваат дека Јабланица претставува значајна биодиверзитетна зона и живеалиште на ретки видови, меѓу кои и Балкански рис. Кампањата има цел да ја подигне јавната свест за потребата од нејзино прогласување за национален парк.
Иницијативата е започната од Europe House Struga и Еко-свест Вевчани.



