Проекција на документарецот „Третиот свет“ за легендарниот Haustor

Во Охрид проекција на документарецот „Третиот свет“ за легендарниот Haustor

Во рамки на програмата на Кино „Четврток“, на 5 март 2026 година во Охрид ќе биде прикажан документарниот филм „Третиот свет“, посветен на култниот бенд и креативната соработка меѓу Дарко Рундек и Срѓан Сахер.

Филмот го следи создавањето на албумот Treći svijet од 1984 година – едно од највлијателните изданија на поранешната југословенска музичка сцена. Преку архивски снимки, сведоштва и повторно студиско обединување по четири децении, документарецот нуди интимен увид во авторската динамика што резултира со дело кое и денес ужива култен статус.

Режијата е на Арсен Оремовиќ, а филмот претставува и сведоштво за едно културно време што повеќе не постои, но продолжува да живее преку музиката.

Датум: 05.03.2026
Локација: Филмски институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“)
Влез отворен: 19:30 ч.
Почеток на проекцијата: 20:00 ч. (по почетокот, вратите се затвораат)
Влез: 200 денари
Местата се ограничени.

Билетите се достапни во Shilla – coffee & bar.

Проекцијата се реализира во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, во рамки на континуираната програма Кино „Четврток“, која има за цел да донесе квалитетна и релевантна филмска содржина пред охридската публика.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани