„Те сакам, за тебе засадив дрво“ – по втор пат 8 Март ќе се одбележи со садење дрвца во Охрид

По втор пат во Охрид ќе се организира настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво“, како поинаков и симболичен начин на одбележување на 8 Март – Интернационалниот ден на жената.

Годинава, настанот ќе се реализира во соработка со Eko Fluid, Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид и волонтерите од иницијативата #училиштабезпластика, а локацијата за дружење и садење ќе биде Холандскиот парк во Охрид.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да дојдат и да засадат дрвце во чест на жените во својот живот – мајки, сестри, сопруги, пријателки – испраќајќи порака на љубов, почит и грижа, не само кон жената, туку и кон животната средина.

За дамите се најавени и мали изненадувања, а за најмладите посетители ќе биде организирана креативна еколошка работилница, со цел уште од најрана возраст да се поттикне свеста за заштита на природата.

Настанот има за цел да ја спои симболиката на 8 Март со еколошка акција, оставајќи траен белег во градот – засадено дрво како знак на благодарност и љубов.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани