Кампањата за прогласување на Јабланица за национален парк одбележана со уметничка работилница

По повод Меѓународниот ден на дивиот свет, во рамки на кампањата Save Jablanica се одржа уметничка работилница посветена на заштитата на планината Јабланица и нејзиниот биодиверзитет.

Ученици од itemo.edu.mk, под менторство на Горан Ристовски, изработија линорез-постери со пораки за зачувување на природата. Делата беа финализирани во студиото на INKA – Initiative for independent cultural activism.

Од иницијативата посочуваат дека Јабланица претставува значајна биодиверзитетна зона и живеалиште на ретки видови, меѓу кои и Балкански рис. Кампањата има цел да ја подигне јавната свест за потребата од нејзино прогласување за национален парк.

Иницијативата е започната од Europe House Struga и Еко-свест Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани