Фатен при продажба на марихуана: Пријава за 36-годишник од Велешта

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, пријавениот бил затекнат од полициски службеници додека вршел продажба на марихуана на лице од Охрид.

Против него ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежните органи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани