Пијан и без возачка управувал „голф“ – приведен 28-годишник од Враништа

На 9 март 2026 година во 19:50 часот, во струшкото село Враништа, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишиле од слобода Н.Д. (28) од истото село.

При контрола на регионалниот пат Враништа – Струга, полицијата сопрела патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Д. При извршената контрола било утврдено дека тој немал положено возачки испит за Б категорија.

Дополнително, алкотестот покажал дека возачот управувал со возилото со 1,77 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против Н.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани