Промоција на стручното образование во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид

Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид се одржа настан посветен на промоцијата на стручното образование, организиран од Стопанската комора и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваа ученици од повеќе места од регионот, меѓу кои од Струга, Вевчани, Подгорци и Лабуништа. Тие имаа можност одблиску да се запознаат со образовните профили што ги нуди училиштето, како и со можностите кои стручното образование ги отвора за нивната иднина.

Во рамки на посетата, учениците дегустираа и дел од храната подготвена од учениците од угостителските струки, кои на практичен начин ги презентираа своите знаења и вештини.

Од училиштето упатуваат порака до идните средношколци: „Направи паметен избор – одбери стручно, одбери угостителско.“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани