СВР Охрид алармира: Лажни СМС пораки за казни со линкови за плаќање

Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР, со известување дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок.

Во пораките се наведува дека преку одредена електронска адреса граѓаните можат да ги видат деталите за наводниот прекршок, при што се посочува и дека доколку казната се плати во рок од осум дена, таа ќе биде намалена за 50 проценти.

Од СВР Охрид информираат дека станува збор за лажни пораки, кои претставуваат класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни, ваквите пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства.

Надлежните ги повикуваат граѓаните, доколку добијат ваква порака, случајот да го пријават во најблиската полициска станица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани