Во Вевчани во тек е завршната фаза од асфалтирањето на улицата „Каланој“, како дел од активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура.
Од локалната самоуправа информираат дека со оваа активност продолжува реализацијата на планираните реконструкции на улиците во населеното место, со цел подобрување на условите за движење и поквалитетна инфраструктура за жителите.
„Продолжуваме посветено со реализирање на активности за реконструкција на планираните улици“, информираат од Општина Вевчани.
Со асфалтирањето на улицата „Каланој“ се очекува подобрување на сообраќајниот пристап и условите за живот на жителите во овој дел од Вевчани.


