Несреќа на работно место во Охрид: Работничка со тешки повреди пренесена во Скопје

Жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди на работното место во фабрика во градот и поради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Скопје.

Како што информираат од полицијата, на 13 март 2026 година во 01:21 часот во СВР Охрид било пријавено дека со возило на Итната медицинска помош од Охрид во Клиничкиот центар во Скопје била донесена М.Д. (41) од Охрид со тешки телесни повреди.

„Од преземените мерки е констатирано дека М.Д. повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид, од каде најнапред била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа поради сериозноста на повредите била префрлена на клиника во Скопје“, информираат од СВР Охрид.

Од полицијата додаваат дека СВР Охрид, во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за целосно расветлување на настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани