На 13.03.2026 година во 15.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишени од слобода се А.Ј. (60) и М.Б. (44), двајцата од Охрид.
При претрес во патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, претходно управуван од А.Ј., извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронашле и одзеле опојна дрога марихуана.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
