Регионален натпревар „Млади библиотекари“ на 8 април во Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде домаќин на регионалниот натпревар „Млади библиотекари“, кој традиционално го организира Библиотекарското здружение на Македонија. Натпреварот ќе се одржи на 8 април (среда) во просториите на библиотеката, со почеток во 10 часот.

Право на учество имаат членовите на библиотеките на основните училишта од Охрид и Дебрца до 14-годишна возраст. За подготовка на натпреварувачите ќе се користи „Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот Млади библиотекари“, издание на Библиотекарското здружение на Македонија, врз основа на кој ќе бидат подготвени и прашањата.

Натпреварот ќе се состои од 20 прашања, на кои учениците ќе одговараат писмено во рок од 60 минути, а натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра.

Победникот од регионалниот натпревар ќе се стекне со право на учество на Републичкиот натпревар, кој годинава ќе се одржи во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен на 15 мај.

Основните училишта од општините Охрид и Дебрца  најдоцна до 27 март треба  да ја информираат Библиотеката  за учеството и бројот на натпреварувачите.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид или на телефон 046/264-838.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани