Педесет и двегодишен жител на Струга бил лишен од слобода откако полицијата во неговото возило пронашла бела прашкаста материја.
Според информациите од полицијата, на 14.03.2026 година во 22.35 часот, на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Р.И. (52) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај било сопрено патничко возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Р.И., при што во задниот дел од возилото била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја.
Дополнително било констатирано дека тој немал остварено право за управување, односно немал положено возачки испит.
По налог на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
