Малолетник нападнат на улицата „Партизанска“ во Охрид

Малолетник бил физички нападнат од група врсници на улицата „Партизанска“ во Охрид, информираат од полицијата.

Според информациите од СВР Охрид, на 14.03.2026 година во 10.30 часот било пријавено дека повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник. По нападот, повреденото момче со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Охрид.

Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетни лица од Охрид и во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори.

По целосното расветлување на случајот, против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани