Полициски службеници од СВР Охрид ноќеска затекнале малолетни лица во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид.
На 15.03.2026 година во 00.25 часот, при извршени контроли во угостителски објекти во градот, полицијата во објект лоциран на кеј „Македонија“ констатирала присуство на малолетници.
Согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава поради овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот
