Ифтарска вечер во Охрид – порака за соживот, почит и заедништво

Во организација на Општина Охрид, синоќа  се одржа ифтарска вечера на која присуствуваа претставници на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратеници, советници и голем број сограѓани.

Градоначалникот Кирил Пецаков во објава на социјалните мрежи истакна дека настанот уште еднаш ја потврдува традицијата на меѓусебна почит и соживот во градот.

„Вечерва уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија“, напиша Пецаков.

Тој посочи дека ифтарската вечера е повеќе од оброк и претставува можност за зближување и зајакнување на пријателството меѓу луѓето.

„Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели“, наведува градоначалникот.

Пецаков нагласи дека соживотот во Охрид не е само дел од историјата, туку претставува идентитет и начин на живот на градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани