Насилство врз малолетници на „Абас Емин“ во Охрид

На 15.03.2026 година, во два одвоени случаи на улицата „Абас Емин“ во Охрид, биле нападнати двајца малолетници, информира СВР Охрид.

Во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ј.Д. (32) од Охрид, кој се сомничи дека на истата улица физички нападнал малолетник од Охрид.

Истиот ден, во 23:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на истата улица, А.Ц. (25) од Охрид физички нападнала друг малолетник од Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настаните, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани