На 16.03.2026 година во 01:05 часот, кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга–Враништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Х. (40) од струшкото село Лабуништа.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Х. При контролата било констатирано дека тој немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б“ категорија.
Дополнително, при извршено алкотестирање, кај него биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
