Загрижувачки бројки во Охрид: 10 кривични пријави за семејно насилство за три месеци

Десет кривични пријави против десет сторители се поднесени во СВР Охрид во периодот од јануари до март годинава, по пријавени случаи на семејно насилство.

Според официјалните податоци, во истиот период се евидентирани вкупно 18 случаи на семејно насилство, додека во првите три месеци минатата година биле регистрирани 7 случаи. Лани, во истиот период, биле поднесени 4 кривични пријави против 4 сторители.

Кривичните пријави годинава се поднесени по основ на кривичните дела „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“.

Податоците беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство“, што се одржа во Охрид во организација на отсекот за превенција при СВР Охрид.

На средбата учествуваа претставници од судството, јавното обвинителство, Центарот за социјални работи, локалната самоуправа, образовни институции, како и невладини и младински организации, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка и поефикасна заштита на жртвите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани