Излезе од печат монографијата “ВЕВЧАНИ- родови, потомци и судбини”

Нова монографија посветена на Вевчани денес му беше врачена на градоначалникот Спасе Кочоски, станува збор за делото „Вевчани – родови, потомци и судбини“ од авторот Анастас Ќушкоски.

Книгата е издадена со финансиска поддршка на Општина Вевчани и претставува значаен придонес во зачувувањето на локалната историја и традиција.

Станува збор за обемно издание од околу 200 страници, збогатено со повеќе од 100 фотографии од различни временски периоди, од кои најстарите датираат повеќе од 120 години.

Во монографијата се опфатени родослови, семејни приказни и лични судбини, преку кои се прикажува животот на генерации Вевчанци, нивната улога во заедницата и вредностите што се пренесуваат низ времето.

„Овие трајни вредности ја чуваат меморијата за предците, нивните имиња, животи и улоги во заедницата. Преку овие записи се гради чувство на припадност и континуитет меѓу генерациите“, изјави Кочоски.

Дополнително, делото ја нагласува моралната вредност на поединецот, семејството и заедницата, а вевчанскиот родослов се издвојува како пример со пошироко значење, не само локално, туку и за македонската нација.

Во наредниот период се најавува и официјална промоција на книгата, на која подетално ќе бидат претставени содржините и значењето на ова значајно издание.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани