Хуманитарни претстави во Народен театар Охрид за помош на Ева

Народен театар Охрид организира две хуманитарни театарски изведби со цел собирање средства за лекување на нивната сограѓанка Ева во Германија.

На 26 март премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески.

На 27 март, по повод Меѓународниот ден на театарот, ќе се одигра претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски.

Средствата од продажбата на билети од двете претстави ќе бидат целосно наменети за поддршка на лекувањето на Ева.

Од Народен театар Охрид ги повикуваат граѓаните да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и преку своето присуство да дадат придонес во оваа значајна акција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани