Два случаи на семејно насилство во Охрид за еден ден

Во текот на 24.03.2026 година, во Охрид се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, при што полициски службеници од СВР Охрид извршиле службени разговори со осомничените лица.

Во првиот случај, во 16:30 часот во СВР Охрид, бил извршен службен разговор со М.М. (37) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.

Во вториот случај, во 20:45 часот во СВР Охрид, бил извршен службен разговор со И.И. (60) од Охрид, по пријава дека околу 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани