Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа.
Станува збор за зафат кој опфаќа асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Според проектната документација, ќе се поставуваат два слоја асфалт со дебелина од 7 и 5 сантиметри.
Вредноста на инвестицијата изнесува 8 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Со реализацијата на овој проект се очекува значително подобрување на инфраструктурата и условите за живот на жителите во Горно и Долно Лакочереј.



