Акција за собирање стара облека во Охрид – контејнери поставени на повеќе локации

Денес граѓаните ќе имаат можност уредно да ја одложат старата облека во специјално поставените контејнери на Тексомак, кои ќе бидат достапни на повеќе локации низ градот.

Од организаторите информираат дека контејнерот кој претходно беше поставен во Охрид Мол е преместен во рамките на Кам Вилиџ, поради проблеми со неговото одржување.

Граѓаните кои имаат потреба од облека можат да се обратат на зелениот телефон, каде ќе добијат дополнителни информации и поддршка.

Дополнително, се посочува дека одлагањето на облека во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно исклучиво во рамките на работното време.

Од организаторите потсетуваат дека во контејнерите не треба да се одлагаат обувки, чанти и други слични предмети, туку исклучиво текстил.

Текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад, а се рециклира само мал дел од него. Со правилна селекција и донирање на облеката се намалува загадувањето, се штедат ресурсите и се придонесува за почиста животна средина.

📍 Локации каде може да се одложи облеката:

  • Задниот двор на Кам Вилиџ
  • Дворот на Гимназијата, Економското училиште и ОЕМУЦ
  • Дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ – Лескоец

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани