НЛБ Банка во Охрид – започна со садење лаванда во Холандски парк

Во Охрид на 27 и 28 март се одржува традиционалната Лидерска конференција на НЛБ Банка, на која учествува раководството на Банката со фокус на идниот развој, дигитална трансформација и современо банкарство.

Настанот беше отворен со општествено одговорна акција, при што повеќе од 140 учесници засадија лаванда во Холандскиот парк во Охрид, испраќајќи порака за грижа кон заедницата и животната средина.

„Садењето лаванда во Холандскиот парк во Охрид е симболичен почеток на нашата лидерска конференција, но и јасна порака за вредностите што секојдневно ги негуваме. Веруваме дека вистинското лидерство започнува со конкретни дела, преку грижа за заедницата и животната средина. Како партнер на заедницата, активно придонесуваме за нејзиниот развој, поттикнуваме економски просперитет и инвестираме во луѓето и образованието, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува кога секој има можност да расте. Токму со таква посветеност ја отвораме и нашата дискусија за иднина на нашата Банка – одговорно, одржливо и со јасна визија“, изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Лидерската конференција претставува простор за размена на идеи, знаење и визија за иднината, како и за зајакнување на лидерските капацитети и стратешко насочување на Банката.

Овие активности се темелат на трите столба на одржливост на НЛБ Групацијата – одржливо работење, одржливо финансирање и придонес во општеството, со фокус на намалување на влијанието врз животната средина, оптимизација на ресурсите и забрзана дигитализација на услугите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани