На 28.03.2026 во 14:30 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.И.(56) од Охрид, по претходно случена сообраќајна незгода.
Тој, управувајќи патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.Б.(40) од Охрид, а потоа и во патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од Охрид.
Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
При извршените проверки било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
