Одбрани најдобрите стихови од „Напиши стих – купи кафе“

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Библиотека „Григор Прличев“ по шести пат ја организираше манифестацијата „Напиши стих – купи кафе“.

Настанот се одржа во кафетеријата „Nocciolino“ во Охрид мол, каде љубителите на поезијата имаа можност да ја изразат својата креативност преку пишување стихови.

Комисија во состав: Мариче Боздоганова, Бети Лазеска – Симоноска, Весна Симоноска и Елизабета Бојчевска избра три рамноправно наградени песни.

Наградени се стиховите „За мајка ми“ (шифра: ТУФИ), „Поетска дружба“ (шифра: Кафе) и „Поетско кафе“ (шифра: Локумче).

Авторите на избраните песни треба да се јават во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за да го потврдат своето авторство, по што на посебна пригода ќе им бидат врачени благодарници, книги и ваучери во вредност од 1000 денари од спонзорот „Офис Плус“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани