Во организација на „Охрид ТрчаТ“ и „Збогум Буково“, вчера во Охрид беше реализирана првата плогинг акција – иницијатива што комбинира трчање и собирање отпад.
Учесниците преку оваа активност покажаа дека со мал личен ангажман може да се направи голема разлика за животната средина.
Станува збор за концепт кој подразбира движење во природа, најчесто трчање или пешачење, при што истовремено се собира отпад од околината.
Организаторите изразија благодарност до сите што се вклучија во акцијата, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се важен чекор кон подигнување на еколошката свест и зачувување на природата.






