Чекор поблиску до заштита: Белчишко Блато станува Парк на природата?

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општина Дебрца, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје од категорија IV – Парк на природата.

Јавната расправа ќе се одржи на 7 април (вторник), со почеток во 11 часот, во салата за состаноци во општина Дебрца.

Нацрт Законот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ENER) и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Граѓаните можат да доставуваат коментари, мислења и сугестии најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.

За учество на расправата, потребно е претходно да се потврди присуството, а дополнителни информации се достапни на веб страницата на Министерството.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани