Во Дебрца се чистат каналите и речните корита за заштита од зимски поплави

Општина Дебрца интензивно ги чисти каналите и речните корита и ја отстранува дивата вегетација, со цел да се намали ризикот од поплави во претстојниот зимски период.

Градоначалникот Златко Сиљаноски информира дека активностите се спроведуваат на територијата на целата општина, со цел заштита на домовите и имотите на граѓаните, како и уредување на запуштените површини.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што, како што најавува Сиљаноски, ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца.

„Ниту едно село нема да биде заборавено“, порачува градоначалникот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани