Ученици и професорки од Охрид на обука за ментално здравје и здрави врски

Охрид – Ученици, професорки и претставнички од стручните служби од охридските средни училишта ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа на четиридневна обука за ментално здравје, која се одржа во Охрид од 25 до 28 март.

Обуката беше реализирана во рамки на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“, во организација на Здружението „Доверба“ од Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена. Во неа учествуваа и ученички од ОСТУ „Наце Буѓони“ и Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово.

Вкупно 24 учеснички работеа на теми поврзани со личен развој, градење здрави односи и поставување лични граници, како и на самодоверба, комуникациски вештини, родова еднаквост и справување со општествени притисоци.

Посебен акцент беше ставен на препознавање и надминување на токсични односи, како и на создавање поддржувачка средина за младите.

По завршувањето на обуката, учесничките од охридските училишта ќе реализираат активности во своите училишта и заедници, насочени кон ученици, наставници и родители, со цел споделување на стекнатите знаења и подигнување на свеста за важноста на менталното здравје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани