Активно се работи на реконструкцијата на просторот околу плоштадот „Чинар“ во Охрид, каде веќе се одвиваат градежни активности на терен.
Проектот предвидува целосно ново партерно уредување со гранитни плочки, со што овој дел од градот ќе добие помодерен и поуреден изглед.
Покрај поплочувањето, ќе биде поставено и модерно јавно осветлување, како и современа урбана опрема, со цел да се подобрат условите за движење и престој на граѓаните и туристите.

Во рамки на реконструкцијата е предвидено и хортикултурно уредување, односно дополнително раззеленување и уредување на јавниот простор.
Вредноста на проектот изнесува 45 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Со оваа инвестиција, локалната самоуправа има за цел да го унапреди изгледот и функционалноста на еден од најфреквентните делови во градот.

ВИДЕО:
