Охридските таеквон-до надежи блеснаа во Тирана – 42 медали за Македонија

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација постигна одличен успех на меѓународниот турнир „Тирана Опен 2026“, освојувајќи вкупно 42 медали и пехар за третото место во севкупен пласман.

На натпреварот во Албанија учествувале околу 200 натпреварувачи од седум европски земји, а Македонија настапила со 29 натпреварувачи од пет клубови.

Со освоени 15 златни, 13 сребрени и 14 бронзени медали, македонските претставници покажаа висок квалитет и подготвеност.

Меѓу најуспешните се истакна Теодора Митреска, која освои повеќе златни медали и беше прогласена за најдобра сениорка, како и Владимир Димитриевиќ и Божидар Димитриевиќ, кои доминираа во „Бест оф д бест“ дисциплината.

Од помладите категории се истакнаа и Христијан Шибаковски, кој освои два златни медали и пехар за најдобар кадет, како и Миа Танеска, Мелани Стојановска, Емилија Трајческа, Адријана Китаноска, Јана Влаоска и Филип Митрески.

Успеси забележаа и натпреварувачите од другите клубови:
Иван Шундовски, Михаил Гошевски, Димитар Андоноски, Медина Мусиќ, Марија Тунтеска, Виктор и Андреј Рунчески, како и младите Павел Џикоски, Јаков и Дамјан Гагалески, Кристијан Гагалески и Максим Шулески.

Во конкуренција настапија и Евгенија Трајкоски, Мартин Нанески, Анастасија Ристеска и Михаил Крстаноски, кои исто така придонесоа за вкупниот успех на репрезентацијата.

Следен предизвик за македонските таеквон-до натпреварувачи е Европското првенство на Крит, каде седуммина ќе ги бранат боите на Македонија.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани