Двајца повозрасни охриѓани пријавиле дека биле изложени на закани од нивниот сосед во селото Велмеј, општина Дебрца.
Според информациите од СВР Охрид, на 30.03.2026 година во 13:30 часот, В.С.(72) и Ц.С.(79) пријавиле дека ден претходно, околу 10:00 часот, додека седеле во дворот од нивната куќа, нивниот сосед Б.П. им упатувал закани поради претходни недоразбирања.
Како што навеле, ваков инцидент не се случил за првпат, туку закани од истото лице им биле упатени и пред околу една недела.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
