Вечер на кратки филмови: Шест приказни од локални автори со хуманитарен карактер

На 2 април 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Филмскиот институт ФИОФА – Охрид, во рамки на програмата на Кино „Четврток“, ќе се одржи „Вечер на кратки филмови“ посветена на локалните автори.

Публиката ќе има можност да проследи избор од шест кратки филмови, кои преку различни теми и авторски пристапи го отсликуваат културниот, историскиот и современиот дух на Охрид и пошироко.

На репертоарот се:

  • „Охридските пливачки легенди“ – Љупчо Паункоски
  • „Раскажи песно: Охрид, Охрид убав мил“ – Илија Пиперкоски
  • „Начинот на Чипан“ – Антонио Вељаноски (Архрид)
  • „Обичен Херој“ – Јован Цветкоски (5 до 12)
  • „Охридското кино Парадизо“ – Ѓоко Симјаноски
  • „Неми филмови“ – Димитар Димоски (Фокус Покус)

Филмовите носат различни перспективи – од зачувување на архитектонското наследство, народната музика и спортските легенди, до интимни човечки приказни и сеќавања на кино културата во Охрид.

Влезот е со минимум донација од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Со овој настан, Кино „Четврток“ продолжува да ја поддржува и промовира локалната филмска сцена, давајќи простор за автори кои преку филм раскажуваат значајни охридски приказни.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани