Приведена државјанка на Бугарија, се заканувала со остар предмет

На 01.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода И.Д.Н.(28) од Бугарија, постапувајќи по претходна пријава.

Според информациите, 36-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 17:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица.

При инцидентот, како што е наведено, И.Д.Н. со остар предмет упатила закани и оштетила дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани