Приведен охриѓанец осомничен за семејно насилство врз сопругата

Полициски службеници од СВР Охрид привеле 54-годишен жител на Охрид, осомничен за семејно насилство.

Според информациите од полицијата, на 01.04.2026 година во 19:55 часот, лишен од слобода бил Р.Л.(54), постапувајќи по претходна пријава дека во подолг временски период физички и психички ја малтретирал неговата 48-годишна сопруга.

Последниот инцидент се случил истиот ден околу 19:00 часот во семејниот дом, по што случајот бил пријавен во полиција.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани