Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градскиот парк во Охрид доби нов, освежен изглед со поставување на нови хортикултурни содржини.
Како што информираат од „Паркови и зеленило“, новите декоративни елементи се резултат на креативните идеи на вработените, кои изработиле саксии од стари дрвени буриња и ги збогатиле со пролетни насади.
Во нив се засадени цвеќиња од видот кампанула, декоративна црвена фотинија, во комбинација со бел декоративен камен, со цел да се создаде живописен и привлечен амбиент.
Од претпријатието очекуваат ваквата комбинација од бои и уредување да остави силен визуелен впечаток кај посетителите и да придонесе за поубав изглед на паркот во празничниот период.


