На 02.04.2026 во 17:15 часот во СВР Охрид, 54-годишна жена од Охрид пријавила дека на 25.03.2026 околу 12:30 часот, нејзиниот сопруг ѝ упатил закани по животот.
Според пријавата, станува збор за лице со кое подолг временски период не живееле заедно, а претходно тој и физички ја нападнал.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
