Ненадејно, вчера на 36 годишна возраст, почина Игор Пешликоски – Пешлик, првиот заповедник на Брод Галеб,.
Неговиот живот беше нераскинливо врзан со Охридското Езеро. Од најрана возраст чекореше по палубите, растеше со бродовите и со годините стана едно од најпрепознатливите лица на пристаништето. Секогаш со насмевка, секогаш подготвен да помогне – човек кој знаеше да остави впечаток кај секој што ќе го сретне.
Судбината посака неговиот најголем сон да се оствари само неколку дена пред да замине – стана капетан.
Со неговото заминување, Охрид изгуби вреден човек, посветен професионалец и топла душа. Зад себе остави сопруга и две деца.
