Во Охрид „оживеа“ Лазаревата поворка

Во духот на традицијата и православните обичаи,  во Охрид за првпат се одржа Лазарева поворка.
Со песна, радост и врбови гранчиња, бројни учесници продефилираа низ градот, оживувајќи еден стар народен обичај.

Голем број деца ја оживеаја Лазаревата поворка во Охрид

Голем број деца,  продефилираа низ Охрид како дел од Лазаревата поворка. Пеејќи ја традиционалната песна, тие ја разубавија празничната атмосфера и потсетија на богатото културно наследство.

Поворката, која за првпат се организираше во градот, предизвика голем интерес кај граѓаните и внесе дух на радост и традиција во пресрет на големите празници.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани