Охрид се простува од Игор Пешликоски – човекот кој живееше за езерото

Ненадејно, вчера на 36 годишна возраст,  почина  Игор Пешликоски – Пешлик, првиот заповедник на Брод Галеб,.

Неговиот живот беше нераскинливо врзан со Охридското Езеро. Од најрана возраст чекореше по палубите, растеше со бродовите и со годините стана едно од најпрепознатливите лица на пристаништето. Секогаш со насмевка, секогаш подготвен да помогне – човек кој знаеше да остави впечаток кај секој што ќе го сретне.

Судбината посака неговиот најголем сон да се оствари само неколку дена пред да замине –  стана капетан.

Со неговото заминување, Охрид изгуби вреден човек, посветен професионалец и топла душа. Зад себе остави сопруга и две деца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани