Приведен охриѓанец по агресивно однесување кон полицијата, бил под дејство на алкохол

Охрид, 5 април – 29-годишен жител на селото Куратица е лишен од слобода рано утринава во Охрид, поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Според информациите од СВР Охрид, на 05.04.2026 околу 02:00 часот на улицата „Партизанска“, полициски службеници го привеле Т.Љ. (29), кој се однесувал агресивно додека тие извршувале службени дејства.

При проверката, кај него било утврдено дека имал 1,32 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани