Хуманитарен концерт во Охрид за поддршка на Црвен крст

Охрид – На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ денеска се одржа хуманитарен ПХВ концерт, во организација на ПХВ групата „FRIENDS“, со цел собирање средства за реновирање на простор во ООУ „Дебрца“, кој ќе биде пренаменет во подрачна канцеларија на Црвен крст Охрид.

На концертот настапи бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид „HUMANE-ХУМАН“, кој со нов репертоар создаде одлична атмосфера и позитивна енергија меѓу посетителите.

Настанот беше збогатен и со поддршка од „Shilla – Coffee & Bar“, кои поставија штанд со свежо цеден сок од портокал, а дополнителен освежителен штанд со здрава храна беше поставен по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, со цел промоција на здрави животни навики.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани