Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информира дека Општина Охрид потпиша Меморандум за пријателство и соработка со Стари Град, една од најстарите и најзначајни општини во Белград.
Според Пецаков, овој чекор претставува вовед во официјално збратимување на двете општини и отвора нови можности за соработка во повеќе области. Фокусот ќе биде ставен на размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка, заеднички образовни проекти, развој на туризмот и зајакнување на регионалната поврзаност.
Тој изрази уверување дека соработката ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните и ќе биде пример за тоа како преку меѓународна поддршка може да се гради заеднички напредок.


