Јавна расправа за Белчишко Блато – чекор поблиску до заштита

Денеска се одржа јавна расправа за прогласување на Белчишкото Блато за Парк на природа (категорија IV), во организација на Министерство за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Дебрца.

На расправата учествуваа граѓани, претставници на стручната јавност, градоначалникот  Златко Сиљаноски и невладиниот сектор, при што се дискутираше за значењето на Законот за заштита на природата, како и за можностите за развој на еко-туризам и одржлив развој на регионот.

Сите изнесени предлози, мислења и забелешки ќе бидат внимателно разгледани, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе ги заштити интересите на заедницата и природата, напиша градоначалникот, кој воедно упати благодарност до сите учесници за активниот придонес во процесот на заштита на Белчишкото Блато, потенцирајќи дека ваквите иницијативи се значаен чекор кон одржлив развој на регионот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани