ООУ „Григор Прличев“ Охрид успешно ја реализираше првата фаза од проектот за раззеленување и хортикултурно уредување на училишниот двор, информираа од училиштето.
Проектот е целосно поддржан од ДМ Дрогерии преку конкурс наменет за подобрување на животната средина и создавање зелени површини за учениците низ државата. Во реализацијата на активностите учествувало и ЈП „Комуналец“ Охрид, кое обезбедило стручна помош и поддршка на терен.
Од училиштето истакнуваат дека училишниот двор веќе добива нов, „зелен“ лик, при што просторот се трансформира во место каде природата и образованието се спојуваат. Очекувањата се учениците наскоро да уживаат во новата зелена оаза, која ќе придонесе за поквалитетен престој и учење.

